ИЛОН МАСК ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПОСЛЕДИЦИ ШТО СЕ МЕША ВО ГЕРМАНСКАТА КАМПАЊА Мерц му се закани на најбогатиот човек на светот
Кандидатот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за канцелар, Фридрих Мерц,, рече дека тоа што се случува во предизборната кампања не може да помине без реакција.
Кандидатот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, којшто, исто така, раководи со американското Одделение за ефикасност на Владата, ќе се соочи со последици поради мешањето во германската предизборна кампања.
Во интервју за Волстрит џурнал, тој рече дека тоа што се случува во предизборната кампања не може да помине без реакција.
– Тоа може да биде политички одговор. Може да биде правен одговор. Сакам тоа мирно да го анализирам по оваа изборна кампања – рече Мерц.