ИЛОН МАСК ДОБИ НОВА ФРИЗУРА Вештачка интелигенција прави надреални монтажи ФОТО
Изгледот се движи од „Bob Cut“ до „Hi-top Fade“ што е директно од „Starship Troopers“. Косата со патец е уште една особено застрашувачка визија за Илон Маск, што му дава на милијардерот ретка „завеса“ на коса која го покрива поголемиот дел од челото.
Израелски програмери смислија алгоритам кој може да прави хипер-реални, deep fake фото монтажи на познати личности – и прво го испробаа на Илон Маск! Сè што треба е корисникот да го напише со опис, на англиски, стилот на фризурата или промената која сакаат да ја видат, и по тој клучен збор, невронска мрежа ќе „плукне“ фотомонтажа, пишува Футуризам.
Што е резултатот? Слика на мачка се претвора во „симпатична мачка“ со зголемени очи, едноставно со внесување на зборовите „симпатична мачка“, како што се гледа во нивниот твит.
Погледнете и самите.
Interesting choice of test subject in this AI paper:https://t.co/bfSonqaGxz pic.twitter.com/5aE5NMdUi5
— Scott Manley (@DJSnM) September 1, 2021
Заблескај Илоне!
Изгледот се движи од „Bob Cut“ до „Hi-top Fade“ што е директно од „Starship Troopers“. Косата со патец е уште една особено застрашувачка визија за Илон Маск, што му дава на милијардерот ретка „завеса“ на коса која го покрива поголемиот дел од челото.
Гледајте доволно во сликите и ќе се најдете себеси како заборавате како навистина изгледа Маск.
Невронските мрежи се новата шанса за бизнисите
Шегите настрана, леснотијата со која може да се манипулира со фотографиите е навистина извонредна. Невронските мрежи поминаа долг пат.
Нивната употреба, исто така, стана сè повеќе демократизирана во последниве години, овозможувајќи практично секој што има компјутер да се проба и да заработи во ова ново поле на технологијата.
Иронијата? Илон Маск е предводникот на најголмиот проект за невронска мрежа од вештачка интелегенција, наречен Неуралинк. Проектот за мрежата кој наводно требаше да поврзува човечки мозок со компјутерска програма, во моментов стагнира од загадочни причини.