ИЛОН МАСК БАРА НАЧИН ДА ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА БРИТАНСКАТА ВЛАДА Милијардерот ковел планови како да го турне Стармер од власт

Ставот на Илон Маск е дека самата западна цивилизација е под закана, изјавил анонимен извор за Фајненшл стајмс. 

464

Илон Маск одржал приватни разговори со своите сојузници за можноста за смена на британскиот премиер Кир Стармер пред следните избори, објави Фајненшл тајмс.

Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи од Стармер да поднесе оставка.






Маск, наводно, размислува за начините на коишто тој и неговите сојузници можат да ја дестабилизираат владата на Лабуристичката партија, барајќи информации за тоа како да изгради поддршка за алтернативни политички движења во Велика Британија со цел да се дојде до промена на власта, пишува весникот, повикувајќи се на извори.

– Неговиот став е дека самата западна цивилизација е под закана – изјави извор за весникот.

Маск претходно го обвини Стармер дека не процесуирал група мажи кои силувале млади девојки додека тој бил директор на Јавното обвинителство меѓу 2008 и 2013 година.

Маск закажа и интервју со лидерката на партијата Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, кое денеска ќе се емитува во живо на мрежата „Икс“.

Оваа недела, норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе изрази загриженост за вмешаноста на Маск во политичките работи на други земји, надвор од САД.

Поврзани содржини