Илон Маск ја покажа новата ракета со 29 мотори (ФОТО)

„Лавиринтот на секундарниот водовод и жици е нашата најголема грижа“, напиша Маск, најавувајќи дека допрва ќе има цевки.

1,327

Со кој брод ќе патува Илон Маск на Марс?

Со „Starship“ кој ќе има дури 29 ракетни мотори. Откако Маск вчера ја твитна фотографијата на којашто се гледа ѕверскиот „Super Heavy Booster“, следеа најразлични реакции во јавноста, пренесува Футуризам.






Погледнете како изгледа моќниот мотор на „Super Heavy Booster“:

Но, ова се само првите „водоводни“ цевки за гориво на ракетата.

„Лавиринтот на секундарниот водовод и жици е нашата најголема грижа“, напиша Маск, најавувајќи дека допрва ќе има цевки.

Ракетниот мотор „Super Heavy Booster“ беше испробан претходно месецов преку неговиот прототип наречен „Booster 3“. Тогаш, во Јужен Тексас беа испалени само три „Raptor“ мотори како дел од тестот за „статичен оган“.

Сега, Маск вели дека е подготвен да го зголеми тестирањето на жежок оган.

„Во зависност од напредокот со Booster 4, можеме да пробаме и да запалиме девет мотори на Booster 3“, твитна тогаш тој.

Но, не е лавиринтот од цевки она што им остави најголем впечаток на фановите, туку бројот на луѓето кои истовремено работат на моторите. Еден твитерџија успеа да идентификува дури 23 луѓе и ги заокружи во својот твит.

Твитот на Маск имаше и многу негативни реакции. Твитерџија објави фотографија од дупка во пустината како инспирација за ракетата.

Поврзани содржини