ИЛОН МАСК ЈА ОСУДИ ПРЕСУДАТА ПРОТИВ МАРИН ЛЕ ПЕН Најави соодветна реакција како по судските напади против Трамп
Кога радикалната левица не може да победи преку демократско гласање, таа го злоупотребува судскиот систем за да ги стави во затвор своите противници. Ова е нивниот modus operandi (метод на криминално дејствие) ширум светот, напиша милијардерот Илон Маск на својата социјална мрежа Икс.
Американскиот мултимилијардер Илон Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен, опишувајќи ја пресудата против неа како „злоупотреба на судскиот систем“.
Маск предупреди дека ќе има „соодветна реакција“, како по „судските напади“ против американскиот претседател Доналд Трамп.
„Кога радикалната левица не може да победи преку демократско гласање, таа го злоупотребува судскиот систем за да ги стави во затвор своите противници. Ова е нивниот modus operandi (метод на криминално дејствие) ширум светот. Ќе има реакција, како и со правните напади против претседателот Трамп“, напиша Илон Маск на својата социјална мрежа Икс.