📽 ИЛОН МАСК ЈА ЛАНСИРА НАЈСИЛНАТА ВСЕЛЕНСКА РАКЕТА ВО ИСТОРИЈАТА „Ѕвездениот брод“ експлодира 10 минути по полетувањето
Од Спејс Икс денеска соопштија дека биле принудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи џиновската ракета „Ѕвезден брод“, со која беше изгубен контакт на осум минути по лансирањето, да скршне од курсот.
„Ѕвездениот брод“, вселенско летало од новата генерација развиено од Спејс Икс (SpaceX) да носи астронаути на Месечината и пошироко во вселената, за прв пат излезе од атмосферата на Земјата без екипаж, но контактот беше изгубен набргу по полетувањето. Ракетата „Ѕвезден брод“ долга 121 метар полета од лансирната рампа на Илон Маск „Starbase“ во Бока Чика, Тексас над Мексиканскиот залив, а целта била да се одвои телото на ракетата од горивниот дел и да се испрати во вселената.
Во вселената требаше да лета 90 минути, но контактот беше изгубен десет минути по полетувањето, соопштија од компанијата.
-Изгубивме контакт на втората етапа. Мислам дека ја загубивме втората етапа – рече Џон Инспракер, водител на директниот пренос на SpaceX.
Системот „Ѕвезден брод“ успеа да лета многу подалеку од првиот обид во април, но заврши со уште една експлозија.
Од Спејс Икс денеска соопштија дека биле принудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи џиновската ракета „Ѕвезден брод“, со која беше изгубен контакт на осум минути по лансирањето, да скршне од курсот.
Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата на компанијата која наведе дека не можеле да примаат податоци од втората фаза на „Ѕвездениот брод“ и затоа ја активирале функцијата за самоуништување, по што ракетата експлодирала.
Ракетата и вселенското летало безбедно се подигнаа од платформата и сите 33 мотори успешно стартуваа. При последниот обид неколку мотори се изгасија предвреме.
Тогаш делот на моторот и вселенското летало успешно се одвоија, а „Ѕвезден брод“ ги запали своите мотори и се оттурна. Тој процес заврши со уништување на одвоениот ракетен систем, кој избувна во огнена топка над Мексиканскиот залив. Но, леталото можеше накратко да го продолжи своето патување.
Шефот на НАСА, Бил Нелсон, му честиташе на SpaceX по летот на Starship. Џим Фри, администратор на Дирекцијата за развој на истражувачки системи на НАСА – исто така се огласи на социјалните мрежи и рече дека пробниот лет означи чекор напред за програмата за развој на „Ѕвезден брод“.
НАСА му плаќа на SpaceX повеќе од 4 милијарди долари за овој вселенски проект. Тие имаат намера да го користат ова вселенско летало за слетување на астронаутите на Месечината како дел од нејзината водечка програма Артемис.
Првото слетување на „Ѕвездениот брод“ е закажано за декември 2025 година. Но, Фри претходно изрази загриженост дека„Ѕвездениот брод“ нема да биде подготвен на време, предупредувајќи дека мисијата може да се продолжи до 2026 година или НАСА да биде принудена да дизајнира нов профил на летот.
„Ѕвездениот брод“ е најголемата и најмоќната ракета што некогаш била направена. Нејзиниот прв лет во април траеше само четири минути, а остатоците од авионот паднаа во морето.
Оттогаш, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск направи десетици подобрувања на ракетата и нејзините 33 мотори, како и на лансирната рампа.