ИЛИРЕ ДАУТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПА СЕ ИСПОКАРА СО АФРИМ ГАШИ Спикерот не ѝ даде 15 минути за да ја образложи оставката
Иако бараше 15 минути на говорница за да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не ѝ дозволи.
Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, денеска поднесе оставка до Собранието.
Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците беше изгласана интерпелација како претседателка на Комисијата за социјална политика.
Иако бараше 15 минути на говорница за да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не ѝ дозволи.
– Сега го утврдуваме дневниот ред и на следната седница која е закажана за 21 јануари ќе имате време да дадете образложение. Ако сакате да го кршите Деловникот, во ред. Јас ви укажувам дека е спротивно со Деловникот – рече Гаши.
Даути настојуваше да ѝи се дадат 15 минути за да ја образложи оставката.
– Не можеш да ме држиш на сила господине Африм Гаши. Научете да го почитувате Деловникот, законите и постапките. Бездруго денеска ќе се слушне мојот глас и моето образложување за лошиот акт кој Вие го направивте. Срам да ви е! Баравте мое разрешување, а тоа разрешување само што настана. Вие на сила не можете тука да ме држите. Затоа сакам да го искористам моето право и да ја образложам оставката. Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка – рече Даути.
По ова, во Собранието е дадена пауза.