ИЛИРЕ ДАУТИ ГИ ДОБИ СВОИТЕ 15 МИНУТИ Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ ја напуштија седницата

Моето разрешување беше очекувано по интерпелацијата. За да бидам објективна, се консултирав со експерти кои ми укажаа на два клучни моменти – интерпелацијата беше изгласана со 61 глас и одлуката беше конечна. Надлежноста за разрешување не ја носи Комисијата за избори и именувања, бидејќи пленумот е тој што донесува конечна одлука, изјави Илире Даути.

1,052

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, направи отстапка и ја констатираше оставката на Илире Даути од Европскиот фронт, која претходно ја извршуваше функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика.

И покрај претходната најава дека ќе го одложи образложението за следната седница, Гаши сепак ѝ дозволи на Даути да ја објасни својата неотповиклива оставка.






Овој потег беше проследен со демонстративно напуштање на салата од страна на пратениците од владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, непосредно пред Даути да почне со своето излагање.

Во своето образложение, Даути изјави дека нејзе ѝ било несфатливо зошто, по изгласувањето на интерпелацијата, не била веднаш разрешена од функцијата.

– Моето разрешување беше очекувано по интерпелацијата. За да бидам објективна, се консултирав со експерти кои ми укажаа на два клучни моменти – интерпелацијата беше изгласана со 61 глас и одлуката беше конечна. Надлежноста за разрешување не ја носи Комисијата за избори и именувања, бидејќи пленумот е тој што донесува конечна одлука. Ова е основен принцип на демократска држава. Да живееме во таква држава, ваква ситуација немаше да се случи, поради што решив да поднесам оставка – објасни Даути.

Таа додаде дека не ѝ е важно што пратениците од владејачките партии ја напуштиле салата, бидејќи нивното мислење за неа не игра улога.

На тие што гласаа за интерпелацијата, како и на претседателот Гаши, им упати остри критики.

– Непочитуван Гаши, кажи им на Албанците зошто ти беше потребен заклучокот од седницата за интерпелацијата – изјави Даути.

Претседателот на Собранието, пак, ѝ одговори дека нема да се спушти на нејзиното ниво.

– Констатирам дека на Илире Даути ѝ престанува мандатот како претседателка на Комисијата за социјална политика – заврши Гаши.

ИЛИРЕ ДАУТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПА СЕ ИСПОКАРА СО АФРИМ ГАШИ Спикерот не ѝ даде 15 минути за да ја образложи оставката

Поврзани содржини