„ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Е БУГАРСКО“ Партијата на Кирил Петков поднесе декларација во бугарскиот Парламент

Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

1,027

Во бугарскиот Парламент на 20 јули беше поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно Илинденско-преображенско востание е бугарско.

Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во пресрет на 120 години од Илинденското востание.






Декларацијата ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков.

Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

Пратеникот на ПП-ДБ Христо Даскалов потсети на историските настани и изјави:

– Сеќавањето на подвигот е живо и мора да се сеќаваме на нивната жртва и да ја заштитиме Бугарија како што заповедаа хероите од Илинден, Преображение и Крстовден 1903 година – порача Даскалов.

Тома Биков од ГЕРБ-СДС истакна дека годишнината стана поле за дискусија и сега треба да донесеме заклучок како да се надмине траумата од неуспехот на бугарската идеја.

Споменатиот екс-премиер Кирил Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.

Поврзани содржини