📽 ИЛИНДЕН НЕ Е САМО НА ПОЛИТИЧАРИТЕ Граѓаните сакаат достојна почит за големиот празник и да се поклонат на Мечкин Камен

Граѓание што беа на Мечкин Камен рекоа дека ја сакаат традицијата, сакаат достоинствено да се чествува најголемиот празник и им порачаа на политичарите повеќе да исполнуваат, а не само да ветуваат. Празникот го заслужува достоинството, како и Илинденците кои загинаа, поставувајќи ги темелите на нашата држава, ни рекоа анкетираните граѓани.

294

Бројни делегации, од државните институции, од дипломатскиот кор во земјава, на политички партии, здруженија денеска на Мечкин Камен положија цвеќиња и се поклонија пред споменикот на ова историско место на кое со децении е централното чествување на 2 Август- Илинден и денот на Илинденското востание и Крушевската република. Годинава, почит на Илинденците им оддаде и делегацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски. На народниот собир се обрати претседателот на собранието Талат Џафери, а се одржа и културно-уметничка програма.

Граѓание што беа на Мечкин Камен рекоа дека ја сакаат традицијата, сакаат достоинствено да се чествува најголемиот празник и им порачаа на политичарите повеќе да исполнуваат, а не само да ветуваат. Празникот го заслужува достоинството, како и Илинденците кои загинаа, поставувајќи ги темелите на нашата држава, ни рекоа анкетираните граѓани.






На народниот собир граѓаните со аплаузи и скандирања ги пречекаа Илинденските коњаници кои од повеќе места од Македонија ги продолжуваат илинденските традиции и им оддаваат почит на сите илинденци кои учествуваа во Илинденското востание. Коњаниците беа пречекани со песни и скандирањата „Никогаш Северна, секогаш Македонија“. Илинденските коњаници цело време беа до бината на Мечкин Камен упатуваа пораки за Македонија и Илинденците, а некои користеа и пиротехнички осветлувања.

Од друга страна, со негодување и свирежи беа пречекани делегациите на Собранието и на Владата кога пристигнуваа на Мечкин Камен.

Поврзани содржини