Откако одекна во јавноста веста дека алпинистката Илина Арсова и шоуменот и актер Игор Џамбазов се во врска, не стивнува интересот за новопечената двојка.
Илина и Игор често поставуваат мошне интересни објави на социјалните мрежи, на голема радост на своите обожаватели.
Сега, Илина ги „засукала“ ракавите и се фатила за работа во куќата во Сретеново, каде престојува со Игор.
Облечена во краток топ, кратки панталони и чорапи над колена, алпинистката го покажа извонредното тело, но и умешноста со дупчалка, а додека работи Игор ѝ пее.
ФОТО: Инстаграм