Илиеска: Владата вчера нѐ задолжи 700 милиони евра, за да вратиме 870 по 6 години
Растечкото задолжување, рече таа, до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милиони евра. Со тоа јавниот долг, како дел од БДП за една година ќе порасне на 7%.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата дека лошо менаџира со кризата и прави погрешни проценки, кога и какви мерки треба да преземе, што ќе придонесе до крајот на годината буџетската дупка да достигне и до 1,3 милијарди евра.
Таков потег на владата, како што рече денеска Анастасија Илиеска, е и задоцнетото издавање на еврообврзницата од 700 милиони евра.
– На овие средства стапката на принос е 3,95 отсто, што значи околу 166 милиони евра плус камата на овие средства, коишто сите ние ќе треба да ги враќаме во рок од 6 години. Ако уште во месец март, кога ВМРО-ДПМНЕ апелираше до владата тие пари да се позајмат, каматите ќе беа пониски, државава ќе заштедеше, а секој граѓанин ќе плаќаше помалку – рече Илиеска.
Таа додаде дека со ова владата оваа година секое семејство го задолжи со 1.500 евра.
– Дополнително во следните неколку години, граѓаните и нивните поколенија ќе плаќаат и камата на тие пари. А апсурдот да биде поголем, за задолжување од 1.500 евра по семејство за само една година, владата најави ваучер од 150 евра за еднократна употреба за најранливите категории на граѓани – рече Илиеска.
Растечкото задолжување, рече таа, до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милијарди евра. Со тоа јавниот долг, како дел од БДП за една година ќе порасне на 7%.