ИЛИ ТРИ БОДА ИЛИ НИШТО „Рисовите“ вечерва во Скопје ќе играат против Малтежаните
Барди беше расположен и изјави дека очекува добро издание на „рисовите“ кои се поготвени за мечот против „аутсајдерот“ во исклучително тешката група со Англија, Италија и Украина.
Групата е многу тешка, но мора да освоиме 3 бода на првиот натпревар против селекцијата на Малта, рече македонската фудбалска ѕвезда Енис Барди, во пресрет на вечерашниот квалификациски меч на Градскиот стадион „Тодор Проески“ во Скопје.
Барди беше расположен и изјави дека очекува добро издание на „рисовите“ кои се поготвени за мечот против „аутсајдерот“ во исклучително тешката група со Англија, Италија и Украина.
– Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство и финале во баражот за настап на Светскиот шампионат, амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што е најважно. Посебно за овој прв натпревар со Малта во кој посакуваме победа. Можеме да играме против сите репрезентации, но на секој меч треба да одиграме најдбро што знаеме – рече Барди.
Сличен став дели и напаѓачот Илија Несторовски:
– Сѐ освен три бода во дуелот против Малта за нас не е добар резултат. Поквалитетни сме од репрезентацијата на Малта, не треба да криеме дека сме фаворити на овој натпревар, но во него влегуваме со максимален респект за противникот. Уште со самиот почеток треба да тргнеме со полна сила и со максимално залагање да стигнеме до трите бода – истакна Несторовски.
Македонската репрезентација ја дочекува Малта во премиерниот меч од новите евроквалификации. „Рисовите“ се голем фаворит во мечот со гостинската екипа и јавноста очекува отворање на циклусот со победа на домашен терен.
Секој освоен бод ќе биде многу важен за нашите фудбалери кои ја веројатно најтешката квалификациска група во историјата.