ИЛИ НИЕ ИЛИ ТИЕ Апасиев најави уште пожестоки протести ако предлогот помине во Собрание

Ако влезе тој предлог во Собрание, сцените од Комисијата за европки прашања ќе бидат мачкина кашлица за тоа што ние ќе го направиме. Јас сум на тој став, бидејќи очигледно тие ги користат сите лостови на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите. Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието, порача лидерот на Левица.

1,529

Сус бре копуци, преку глава од сѐ, тој е аргументот по однос на францускиот предлог, порача лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за Инфомакс и повика на радикализација на протестите.

– Идеме или ние или тие, дечките од Левица ќе влезат жестоко, прво ќе почнеме со фрлање јајца, тоалетни хартии а може и со други методи, имаме ние искуство. Ако влезе тој предлог во Собрание, сцените од Комисијата за европки прашања ќе бидат мачкина кашлица за тоа што ние ќе го направиме. Јас сум на тој став, бидејќи очигледно тие ги користат сите лостови на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите. Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието – порача Апасиев.

 

Поврзани содржини