„ИЛИ ЌЕ МИ ДАДЕТЕ БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТИФИКАТ ИЛИ НЕ ЗАКАЖУВАМ СОСТАНОК“ Скендер Реџепи одби да свика седница на Комисија за надзор на АНБ

Според Реџепи, тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните инфомации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.

334

Додека јас сум претседател и сум дискриминиран, нема да закажам состанок. Ова го изјави претседателот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР, Скендер Реџепи, откако пратеникот Љупчо Пренџов претходно денеска побара да се свика состанок со цел да се расчистат актуелните сомнежи за незаконско прислушување кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

Според Реџепи, тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните инфомации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.






– Сè додека сум јас председател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, претседателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите. Јас пред една година сум поднел барање за сертификат безбедносен и нормално, кога таква една можност, пратеник во Собранијето останува да биде вреднуван од партиски службеници, на кои што скандалите секоја година им се појавуваат што значи дека ти се во интерес на сите политички партии, најмалку на државните. Сметам дека тоа е дискриминација не само за мене, но и за сите пратеници во Собранијето – истакна Реџепи.

Тој уште еднаш потенцираше дека нема да ја свика комисијата и им порача дека претседателот на Собранието има можност да свика Комисија да си одлучи оние кои имаат сертификати да одат и да ја завршат работата.

– Ако тие инсистират, јас да го направам тоа, тогаш тие сакаат да не се заврши посетата – нагласи Реџепи.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ Оливер Спасовски денеска повика на итна декласификација на целата документација за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ.

– Едноставно мислам дека јавноста мора да ја дознае целостно вистина. Мора да има една транспарентност за целата оваа постапка. Да бидат декласифицирани сите податоци и информации, врз основна на постапките кои што ги има АНБ. Секако во соработка и со Обенителство и други и точно да се утврди дали биле отворени оперативни акции, за што биле тие оперативни акцији, кон кого биле насочени и така натаму. Мора да има еднаш за секогаш сериозна одговорност на тој кој што тоа го правел доколку го правел – порача Спасовски.

Според информациите дека и тој бил незаконски прислушуван од АНБ, Спасовски повика службата да се стави во интересна заштита на уставниот поредок на државата и на граѓаните, а не, како што рече, во служба на политички подметнувања или на бизнис заедница и да се престане да се загрозуваат човековите права.

Спасовски смета дека Комисијата за надзор на АНБ и АР треба да изврши увид во работата на Агенцијата за национална безбедност.

ВРЕМЕ Е ДА ГИ РАЗГЛЕДАМЕ ЗАГРИЖУВАЧКИТЕ СОМНЕЖИ Пренџов побара итна седница на Комисијата за надзор над Агенцијата за национална безбедност

 

Поврзани содржини