🎥 ИЛИ ЈАС ИЛИ МАЧКАТА!!! Ѕвездата на филмот „Хамнет“ ја шокираше јавноста со ултиматумот што му го поставила на сопругот

Актерката Џеси Бакли, ѕвездата на филмот „Хамнет“, се најде на удар на јавноста откако го откри ултиматумот што му го дала на својот сопруг Фреди Соренсен на почетокот на нивната врска.

95

Во едно интервју, aктерката Џеси Бакли, ѕвездата на филмот „Хамнет“, призна дека на почетокот од нивната врска му поставила ултиматум на својот сопруг Фреди Соренсен принудувајќи го да се ослободи од една од неговите мачки.

По ова признание, многумина ја нарекоа актерката сурова и нечувствителна.
Во разговорот со својот филмски партнер Пол Мескал, 36-годишната актерка, која беше номинирана и за Оскар, ја раскажа оваа анегдота во вреска со својот сопруг, иако беше свесна дека може да предизвика негативни реакции. Таа призна дека не ги сака мачките и дека го принудила Фреди да се ослободи од едно од неговите две домашни миленици.






– Мојот сопруг имаше две мачки кога првпат почнавме да се забавуваме – и ова е ужасно, сега сите ќе ме нападнат, ама една од нив беше како некоја суетна дива и како да коваше заговор против мене. Ќе се вратев дома и на перницата ќе ме дочекаше нејзиниот измет. Му реков: „Или јас сум или мачката.“ И победив – раскажа Џеси низ смеа, саркастично додавајќи: „Извини!“

Нејзината изјава предизвика лавина од критики, а корисниците на Reddit не ја штедеа.

– Ни јас не сум љубител на мачки, но ова е ѓаволски и одвратно – напиша еден корисник.

– Не разбирам зошто воопшто би спомнала нешто вакво. Видовме премногу приказни за познати личности кои се ослободуваат од животни. Каде ѝ е паметот? – напиша друг.

Многумина ја истакнаа и проблематичната природа на нејзиниот став.

– Уште полошо е што мислеше дека е во ред јавно да го каже тоа. Очигледно не мисли дека направила нешто погрешно – гласеше еден коментар.

– Принудувањето некого да се ослободи од животно што го сака можеби не е нелегално, но е неверојатно подло и ситно. Покажува дека не ви е грижа за животното или за личноста што го сака. А потоа го претставувате тоа како „победа“. Одвратно – гласеше еден од поострите коментари.

– Принудувањето на вашиот сопруг да се ослободи од мачката е лудо, а таа го раскажува тоа како симпатична анегдота? – праша еден корисник.

Инаку, Џеси Бакли и Фреди Соренсен, кој работи во областа на менталното здравје и претходно бил телевизиски продуцент, се венчаа во 2023 година. Две години подоцна, во 2025 година, го добија своето прво дете, девојче.

Поврзани содржини