ИЛИ АЛБАНСКИ ЈАЗИК НАМЕСТО 20% ВО УСТАВОТ ИЛИ БАРАЈТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ГРУЕВСКИ Албанската опозиција постави услови за уставните измени

Сметаме дека тие уставни измени не треба да се случат без да се направат уште два конститутивни елементи на овие уставни измени, а тоа се отстранување на навредливото име за албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија и второто прашање на уставната санкција за незастареност на случаите на политичка корупција, изјави Зеќирија Ибрахими, секретар на Алтернатива.

1,832

Здружената албанска опозиција нема да даде поддршка за уставните измени ако не се избришат оние 20% од Уставот и да се заменат со албански јазик, вели секретарот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, пренесува ТВ21.

– Сметаме дека тие уставни измени не треба да се случат без да се направат уште два конститутивни елементи на овие уставни измени, а тоа се отстранување на навредливото име за албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија и второто прашање на уставната санкција за незастареност на случаите на политичка корупција. Албанската опозиција е подготвена да гласа за уставните измени доколку заедно дојдат во Собранието. Ако не дојдат заедно, добро е да се разговара со Никола Груевски за да се обезбедат други пратеници бидејќи ќе ги немаат гласовите на албанската опозиција – изјави Ибрахими.

Поврзани содржини