Илија Димовски предлага Собранието да дефинира државен став за понудата за членство во ЕЕЗ

352

Понудата за членството во ЕЕЗ мора да добие институционална рамка. Државниот интерес не е приватен, јавен е, а за тоа постои Устав и закони, реагира на Фејсбук Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Тој предупредува дека државата е без перспектива, а институциите во аут и затоа предлага понудата за членство во Европската Економска Зона, што ја одбила Македонија, како што пред неколку дена обелодени претседателот Стево Пендаровски да се врати во инситуциите.

Во продолжение Фејсбук статусот на Димовски:

▪️Прашањето со понудата за членство во Европската Економска Зона мора да добие институционална рамка.

 

Ова е права тема и момент, целото општество и целата јавност да каже: да, лидерските средби се добри за консултации и усогласување, но не смеат никогаш повеќе да се користат за носење на одлуки, надвор од државните институции.

▪️
Вакви одлуки не смеат да се носат надвор од институции, не смее да се носат надвор од јавност и не смеат да се носат како споредни точки на неофицијални средби на кои се усогласувале ставови на политичките партии за прифатлив датум за предвремени избори.

 

▪️Собранието на Република Македонија (како највисок, но и надлежен државен орган) не само што не било информирано, туку според информациите на оваа средба не било ни претставено од господинот Талат Џафери, кој не ни присуствувал, а веројатно не ни бил поканет.

▪️Не сакам повеќе да коментирам за постапките на надлежните државни органи, тие секако и во содржина и во процедура се стратешки грешки и непоправливи промашувања.

▪️Единствен начин како да се излезе од оваа состојба, а да не биде предмет на политички и лични препукувања, е случајот со понудата за членство во ЕЕЗ да се врати во институционална рамка, на следниов начин:

1. Претседателот Стево Пендаровски или Владата (Пендаровски вчера на ТВ Сител соопшти дека и членови на Влада биле информирани за понудата) да подготват официјална информација и да ја пратат до Собранието на Република Македонија.

 

2. Собранието да одржи седници на надлежните работни тела (Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешна политика) и да закаже јавна расправа на која, со цел да дадат свое мислење, ќе ги покани: коморите, синдикатите, студентските организации, асоцијациите на превозници, извозници и слични, академијата, универзитетите, невладини организации,…

3. Собранието да одржи седница (по проценка може да биде и затворена) и врз основа на информацијата од Претседателот (или Владата) да донесе одлука (заклучоци, декларација или резолуција) со која ќе дефинира државен став.

▪️Секое постапување надвор од оваа процедура е политикантство, слаб државен капаците и немање институции.

Ова е вистински предизвик, за да утврдиме дали имаме државни институции.

Поврзани содржини