Илија Димовски: Пендаровски прво да побара законот за попис да се донесе со консензус, а потоа да предлага политичка декларација

1,369
За да може политичките партии да потпишат било каква декларација, треба да се сигурни за квалитетот на методологијата и за содржината на законот според кој ќе се спроведе пописот. Предлогот на Пендаровски е како да се гради куќа од покрив, а не од темели, вели Илија Димовски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Плусинфо, во врска со предлогот на претседателот Стево Пендаровски политичките партии да потпишат декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот, за да не се оспоруваат бројките од пописот.





– Пендаровски требаше да ги повика владата и парламентарното мнозинството да не донесуваат закон бес консензус и без компромис со опозицијата. Има и инструмент како претседателот да каже, на пример, дека закон за попис донесен без учество наопозиција нема да потпише. Ако законот се донесе со консензус, тогаш идејата на Пендаровски може да биде тема за разговор. Во суштина, никој не би имал против таква позиција. Но, власта не смее да ја злоупотребува својата доминантна позиција за да турка општествени процеси кои нѐ тангираат сите, а опозицијата не смее да дозволи да биде само инструмент во целите на власта – вели Димовски.

Пендаровски, во емисијата Топ тема на ТВ Телма, во врска со потребата од спроведување на пописот, ги повика лидерите и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис според  највисоки европски стандарди на Еуростат, но и да потпишат политичка декларација. Предлог за политичка декларација, како што рече Пендаровски, може и тој да го поднесе и дека не би била потребна лидерска средба.

Поврзани содржини