ЏИЛ БАЈДЕН МОЛЧЕЛА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЏО Поранешната прва дама под закана за тужба

Обвиненијата беа објавени преку социјалните мрежи, каде што Терел тврдеше дека Џил Бајден била свесна за здравствените проблеми на Џо Бајден, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори, со што – според него – ја довела јавноста во заблуда.

1,444

Лео Терел, претставник на американското Министерство за правда, јавно ја обвини Џил Бајден, сопругата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, за можна кривична одговорност за злоупотреба и занемарување на стари лица, со фокус на прикривањето на здравствената состојба на нејзиниот сопруг.

Обвиненијата беа објавени преку социјалните мрежи, каде што Терел тврдеше дека Џил Бајден била свесна за здравствените проблеми на Џо Бајден, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори, со што – според него – ја довела јавноста во заблуда.






– Злоупотребата на стари лица е форма на семејно насилство. Џил Бајден мора да одговори зошто дозволила вакво нешто да се случи и зошто го прикривала вистинското здравствено состојание на нејзиниот сопруг – изјави Терел.

Во истата насока реагираше и Доналд Трамп Помладиот, кој исто така го обвини семејството Бајден за прикривање и манипулирање со информациите за здравјето на поранешниот претседател.

Во јавноста сè погласни се повиците за официјална истрага, додека од семејството Бајден сè уште нема официјален одговор на обвинувањата.

Поврзани содржини