ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ ВО БЕРОВО ГО ОДБЕЛЕЖАА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Мицкоски присуствуваше на народниот собир
Голем интерес на собирот привлече и продажбата на манастирски производи – локум, слатко и ликер, кои монасите и жителите од регионот ги подготвуваат веќе со децении. Во близина на манастирот беа подготвени и 73 бакарни котли со храна, доволни да нахранат околу 10.000 посетители.
Илјадници верници од целата држава денеска дојдоа на народен собир во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово за да го одбележат големиот православен празник. Манастирот го посети и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и други членови на партијата.
Граѓаните дојдоа да запалат свеќа, да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски, како и да се поклонат пред манастирската светост. Премиерот разговараше со граѓаните.
– Денеска сме во посета на Берово, традиционално како и секоја година така и оваа година заедно со православните верници да го честитаме големиот празник Голема Богородица, да посакаме на сите граѓани во Македонија здравје, среќа, бериќет и успех во работата, сето она коешто ќе го посакаат, сето тоа да им се оствари – рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека овој ден е многу значаен за сите нас поради две работи, прво, затоа што е голем православен празник, но исто така и ден на рударите, луѓето што ја градат македонската економија.
– Ја користам оваа прилика и нив да им го честитаам овај голем ден. Сосема на крај ви посакувам среќа вас и на вашите семејства – истакна тој.
Голем интерес на собирот привлече и продажбата на манастирски производи – локум, слатко и ликер, кои монасите и жителите од регионот ги подготвуваат веќе со децении.
– Не знам точно од кога, со секако е по несреќата почнавме да произведуваме овде манастирски локум кој отецот го прошири во Скопје и денес тој е познат насекаде низ Македонија. Тоа е дел од духовноста што сакаме да ја споделиме со секој кој ќе дојде -изјави жена која продаваше од овие производи.
Во близина на манастирот беа подготвени и 73 бакарни котли со храна, доволни да нахранат околу 10.000 посетители.
– Се готвеше цела ноќ за сите гости, секоја година е исто – важно е никој да не замине гладен – рече еден од готвачите.
Манастирот е познат и по трагичниот настан во 1996 година, кога гром удри во неговата околина и животот го загубија неколку лица. Постарите жители велат дека сеќавањето на таа несреќа сѐ уште е болно, но потсетуваат дека, како што рече една жител на Берово, „треба да се гледа напред и да се зачува – верата, јазикот и традицијата“.