Илјадници верници го бакнуваат телото на Амфилохиј кој почина од ковид-19 ВИДЕО

3,879

Во ек на пандемијата, колони од верници цел ден поминуваат покрај ковчегот со телото на починатиот митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј во Храмот на Христовото воскресение во Подгорица, за да го бакнат.

Без маска и не почитувајќи дистанца, дел од верниците доаѓаат со своите деца кои исто така се наведнуваат за да го бакнат телото на починатиот митрополит, кој, според тестот од Клиничкиот центар во Подгорица, беше позитивен на коронавирус.






Амфилохиј, по сопствено барање, ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора, изразувајќи сочувство до верниците, свештенството и монасите на Српската православна црква, предупреди дека секој масовен собир и непочитување на мерките „ја прави тешката состојба уште потешка“.

 

Поврзани содржини