ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ ОСТАНАА ЗАГЛАВЕНИ ВО ЕКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА Штрајкот на аеродромите ја парализира Европа

Само штрајкот во Италија остави околу 250.000 патници заглавени на едно од најдобрите туристички места во светот. На аеродромот во Рим беа откажани околу 200 летови, соопштија властите.

1,267

Штрајкот на вработените на аеродромите и на персоналот на авиокомпаниите во Европа предизвика хаос и метеж и остави заглавени илјадници патници во екот на летната туристичка сезона.

Поради штрајкот, денеска во Италија откажани се околу илјада локални и меѓународни летови.






Уште 120 летови кои требаше да полетаат или да пристигнат викендов на аеродмите во Белгија се откажани . Причина за тоа беше протестот на пилотите на авиопревозникот Рајанер поради, како што велат, незадоволителни работни услови.

Само штрајкот во Италија остави околу 250.000 патници заглавени на едно од најдобрите туристички места во светот. На аеродромот во Рим беа откажани околу 200 летови, соопштија властите.

Летовите на Малта Ер, која се занимава со трансфери за популарните буџетски авиопревозници Рајанер, Вулинг и Ита ервејс, исто така беа откажани откако пилотите се приклучија кон протестот.

Поврзани содржини