ИЛЈАДНИЦИ ДОКУМЕНТИ КОНЕЧНО ОБЈАВЕНИ, ИМИЊАТА НА 1.200 ЖРТВИ ЦЕНЗУРИРАНИ Епштајн сликан со Чомски, Вуди Ален, Мајкл Џексон…
Овој процес резултираше со идентификација на повеќе од 1.200 имиња на жртви или нивни роднини. Референците за овие имиња се редактирани. Покрај затемнувањето на имињата на жртвите, ние исто така не објавуваме материјал што би можел да доведе до нивна идентификација, изјави заменик-главниот обвинител во врска со објавата на декласифицираните досиеја.
По долго очекување, Министерството за правда на САД објави повеќе од 3.000 досега недостапни фотографии и документи поврзани со истрагата против Џефри Епштајн, но со сериозни цензури и затемнувања, пишува „Гардијан“. Објавата веднаш предизвика лавина реакции.
На дел од објавените материјали може да се видат личности од светскиот јавен живот , меѓу нив Мајкл Џексон, Ричард Бренсон, Бил Клинтон, Дијана Рос, Крис Такер, Вуди Ален и Ноам Чомски, во друштво со Епштајн или во неговиот поширок круг на познанства. Сепак, во ниту еден од документите не се наведува сугестија за незаконско постапување на овие личности.
Објавените материјали, првиот дел од она што законот го нарече „Epstein Files Transparency Act“, дојдоа по повеќе години притисок од јавноста и Конгресот. Министерството најави дека ова е само почеток на процесот што ќе трае со месеци. Од канцеларијата на заменик-главниот обвинител Тод Бланш беше соопштено дека при прегледот на материјалите се идентификувани повеќе од 1.200 жртви и членови на нивните семејства.
Повеќе од 1.200 жртви
– Овој процес резултираше со идентификација на повеќе од 1.200 имиња на жртви или нивни роднини. Референците за овие имиња се редактирани. Покрај затемнувањето на имињата на жртвите, ние исто така не објавуваме материјал што би можел да доведе до нивна идентификација – изјави Бланш, нагласувајќи дека заштитата на жртвите останува апсолутен приоритет.
А Демократите да објаснат за нивните врски?
Од Белата куќа, пак, излегоа со сосема поинаков тон. Портпаролката Абигејл Џексон оцени дека администрацијата на Доналд Трамп е „најтранспарентната во историјата“ и дека со објавата на илјадници страници документи покажала дека стои зад ветувањата за отвореност. Според неа, Трамп направил повеќе за жртвите од сите негови претходници.
BREAKING: There are thousands of Epstein files out there.
Tons of photos show Bill Clinton with alleged victims and other women, plus Chris Tucker, Michael Jackson, Mick Jagger, Kevin Spacey, and plenty of other high-profile names.
Just sharing a few pics/vid for now. I’ll be… pic.twitter.com/hVqLGUdjhg
— Ape𝕏 (@CubanOnlyTrump) December 20, 2025
30 seconds of Bill Clinton in the newly released Epstein files. pic.twitter.com/EbPij7Fbpk
— Remarks (@remarks) December 19, 2025
– Со објавување на документите и со соработка со Конгресот, администрацијата на Трамп направи повеќе за жртвите отколку што некогаш направиле демократите. Додека претседателот Трамп ги исполнува своите ветувања, неговите противници сè уште не објасниле зошто имале средби со Епштајн по неговата осуда – изјави Џексон, со што го насочи вниманието кон политичката полемика која повторно го дели Вашингтон.
Гилејн Максвел пак е главна „ѕвезда“
Голем дел од материјалите прикажуваат фотографии од патувања на Епштајн и неговата партнерка Гилејн Максвел, но речиси сите се сериозно редактирани. Министерството за правда ја оправда оваа постапка со одредбите на Законот за транспарентност, кој дозволува отстранување на содржини што би можеле да ја откријат личноста на жртвите или да содржат материјал што упатува на сексуална злоупотреба на деца.
Во некои документи стои предупредување дека содржината може да биде вознемирувачка и „несоодветна за сите читатели“.
Многу прашања ќе останат без одговори?
Во јавноста повторно оживеа и прашањето со кои влијателни луѓе Епштајн се дружел пред да биде осуден во 2008 година, кога по пријава од родителите на 14-годишно девојче беше обвинет дека ја злоупотребил нивната ќерка во неговата вила во Палм Бич. Тогаш постигна спогодба со обвинителите, призна вина за подведување малолетник и доби релативно блага казна, избегнувајќи подолг затвор.
Досиејата се очекува да фрлат ново светло врз тоа колку длабоки биле неговите врски со бизнисмени, политичари и јавни личности пред неговото самоубиство во затворот во Менхетн во 2019 година, каде што го чекаше судењето за нови обвиненија за трговија со луѓе. Дел од експертите предупредуваат дека и по ова објавување, многу прашања за неговата мрежа и за потенцијалните соработници остануваат без одговор.