ИЛЈАДНИЦИ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО НАПАДИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА Загрижувачка анализа за акциите на Американците
Анализата се темели на доверливи документи на Пентагон, кои се однесуваат на повеќе од 1300 напади во кои загинале огромен број на цивили, со што се става под знак на прашање доктрината на воените сили на САД за т.н. прецизно бомбардирање.
Во нападите на американска војска изведени со дронови и други видови на беспилотни летала се загинати илјадници недолжни цивили во Ирак, Авганистан и Сирија, пишува „Њујорк тајмс“.
Анализата се темели на доверливи документи на Пентагон, кои се однесуваат на повеќе од 1300 напади во кои загинале огромен број на цивили, со што се става под знак на прашање доктрината на воените сили на САД за т.н. прецизно бомбардирање.
Се работи за извештаи за акциите на безпилотните лета во борбите со џихадистичките групи во трите земји од 2014 година.
Главниот проблем за големиот број на жрти се неточни и непрецизни разузнавачки податоци со кои располага војската, се наведува во извештајот.
Точниот број загинати цивили во Авганистан, Сирија и во Ирак, во последните години никогаш до крај не е утврден, а од американска војска порачаа само дека грешки се случуваат и кога се употребува најсовремената технологија.