ИКС-ЛАБОРАТОРИИ ИМА ВО УКРАИНА, НО И НА СИБИР Кој сака да си игра со биолошко оружје?

Дека лаборатории има потврди и американската амбасада во Украина, која инсистираше дека приказната за намерно одгледување биооружје е пропаганда на Кремљ. За американската амбасада, се работи за „истражувачки програми во Украина кои работат на најопасните патогени во светот“.

2,238

Ковид-19, птичјиот грип, антраксот, еболата и нервниот гас новичок се само некои од супстанците за кои се муабети дека се дел од новата биолошка Трета светска војна, а која сега од Вухан како да се преселува на територијата на Украина. Мапа од наводни 26 американски биолаборатории на украинска територија осамна на социјалните мрежи, а Кремљ и Вашингтон меѓусебно се обвинуваат за биолошки напад под „лажно знаме“.

Додека американскиот државен потсекретар за Украина, Викторија Нуланд, вчера индиректно призна дека „ние работиме со Украинците на тоа како тие да спречат некој од истражувачките материјали да падне во рацете на руските сили“, Стејт Департментот  во своите архиви открива друга мрачна приказна – и Русите, уште од времето на СССР имаат свои „одаи“ на Сибир кои сѐ уште се активни.

 






САД и Украина биле договорени?

 Чии и да се материјалите, веста дека Украинците во паника дека окупаторот ќе дојде до примероците нив, па почнале да ги уништуваат, беше демантирана од страна на украинската страна, која тврдеше дека при гранатирањето, Русите, намерно или ненамерно, веќе оштетиле 11 од лабораториите, пишува Ју-Ес-Еј-Тудеј. Сепак, ова останува непроверено и непотврдено.

Она што се чини прилично добро проверено е фактот дека САД и Украина навистина имале договор за заштита од биолошки закани од 2005 година, а според главната Служба за безбедност на Украина, тие се во украинска, а не американска сопственост.

Интерфакс-Украина во мај 2020 година, објави дека се „мореднизираат“ државните лаборатории во регионите Одеса, Харков, Лавов, Киев, Виниција, Херсон и Дњепропетровск. Тие напори, според агенцијата, вклучуваат поправки, ажурирање опрема и купување на материјали.

извор: opindia.com

Најопасните патогени во светот

Дека лаборатории има потврди и американската амбасада во Украина, која инсистираше дека приказната за намерно одгледување биооружје е пропаганда на Кремљ. За американската амбасада, се работи за „истражувачки програми во Украина кои работат на најопасните патогени во светот“.

На 6 март, Министерството за надворешни работи на Москва на Твитер објави дека руските сили пронашле докази дека Киев ги искоренува трагите од воено-биолошката програма во Украина, финансирана од Пентагон. Истовремено, Русите тврдеа дека Украина била блиску до изработка на свое нуклеарно оружје со бомба базирана на плутониум, пишува Опиндиа.

Русите на Сибир „готват“ свои рецепти?

 Биолошките оружја имаат долга историја која датира од Студената војна. Американскиот Стејт Департмент во своите извештаи инсистира дека Русите уште во советското време припремале свое биохемиско оружје, односно смртоносни вируси. Според нив, Русите имаат тајни лаборатории на Сибир каде се држат примероци од антракс, ебола и други патогени.

Познато е дека Државниот центар во Колцово е еден од ретките кој држи примероци од птичји грип, беснило и мали и големи сипаници. Се шпекулира и дека се работи на техники на правење течни човечки органи. Иао Русите тврдат дека овие центри, како „Вектор“, ги затвориле во 1992 година, лабораторијата работи и денес, под превезот дека се занимава со генетски инженеринг и биотехнологија.

фото: јујтуб/принтскрин

Новичок и старите демони од војната

Се смета дека еден од најновите „производи“ на ваквите лаборатории беше нервниот гас Новичок со кој во 2020 година беше отруен лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, под неразјаснети околности. Друг ваков случај претходно беше со агентот Скрипал во Британија.

Една од поголемите руски биолаборатории веројатно се наоѓа на самата граница со Казахстан. Онаа, пак, на Сибир е позната по своето минато во Студената војна. Во 1987 година, Горбачов инвестирал милијарди долари за да ја обнови агенцијата „Биопрепарат“ која раководела со овие истражувања.

Доктор Кен Алибер, кој избегал од лабораторијата ги пренел сите овие информации на Запад во 1980-тите, откога се знае за нив и за руското кршење на Меѓународната конвенција за био-оружје од 1975 година.

Но, кој навистина ја крши или одамна веќе ја скршил конвенцијата? Вашингтон, Москва или можеби Кинезите го сторија тоа пред две години?

 

 

 

 

 

Поврзани содржини