ИКОНА ОД БУГАРИЈА ЗА СКОПСКАТА БОЛНИЦА „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ Знак на благодарност за лекувањето на повредениот навивач на Левски
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов изрази благодарност до лекарскиот тим за укажаната помош на навивач на Левски Драгомир Андонов кој настарад навивачката пресметка пред фудбалскиот натпревар меѓу Левски и Шкупи во Скопје.
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов на раководството на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје му врачи икона и благодарница. Во име на министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, Ангелов изрази благодарност до лекарскиот тим за укажаната помош на навивач на Левски Драгомир Андонов кој настарад навивачката пресметка пред фудбалскиот натпревар меѓу Левски и Шкупи во Скопје.
Иконата „Исус Христос Пантократор“ е копија на иконата од Рилскиот манастир и е прва икона осветена од православните цркви во Бугарија и Македонија.