ИКЕА ЗАТВОРА 850 РАБОТНИ МЕСТА Брендот објави дека има зголемени трошоци и намалена потрошувачка на производите

Компанијата има вкупно 27.500 вработени, а сега има намера да отпушти вкупно 850 работни места, вклучувајќи 300 од нив во Шведска.

30

„Интер ИКЕА“, чадор-групата и сопственик на шведскиот бренд за мебел со поволни цени со бројни франшизни операции, објави дека ќе затвори 850 на работни места за да ги намали трошоците поради слабата побарувачка.

Компанијата има вкупно 27.500 вработени, а сега има намера да отпушти вкупно 850 работни места, вклучувајќи 300 од нив во Шведска.






Малопродажниот синџир на продавници за мебел има мрежа во 63 земји и 13 франшизри за кои набавува производи од фабрики низ светот.

Компанијата е оптоварена од зголемувањето на трошоците и американските царини, што се совпадна со промена на стратегијата и транзиција од големи магацински центри во предградијата кон продавници со помал формат во градските центри.

-Треба да бидеме побрзи, да ги скратиме процесите на донесување одлуки и едноставно да ги фокусираме нашите напори на тие приоритети – изјави финансискиот директор на Интер ИКЕА, Хенрик Елм.

Војната против Иран дополнително ја ослабна довербата на потрошувачите, која се влошуваше долго време, забележа Елм.

Конфликтот ги зголеми цените на горивата, намалувајќи го расположливиот доход на домаќинствата и намалувајќи ја нивната подготвеност да трошат на небитни работи, како што се реновирањата на домот.

Групацијата иште во март објави дека ќе елиминира 800 канцелариски работни места.

ИКЕА е основана во 1943 година од шведскиот претприемач Ингвар Кампрад во градот Алмхулт, забележува Ројтерс.

Поврзани содржини