ИКЕА СНИМАЛА ПИН-КОДОВИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Австриски суд ја казни со 1,5 милиони евра

Австриските медиуми, повикувајќи се на пресудата тврдат дека 6 камери во Икеа снимале одредени области без оправдување согласно Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR), а 7 камери имале преголеми видни полиња, кои биле целосно или делумно непотребни за да се постигне наведената цел: следење на чистењето на снегот или заштита на имотот.

124

Австриската подружница на најголемиот светски продавач на мебел Икеа е казнета во тамошниот Сојузен административен суд (BVwG) за неовластено снимање на клиенти и складирање на снимката со  1,5 милиони евра.

Контроверзното снимање се случило во текот на 2022 година во стоковната куќа Икеа во Виена.






Акцијата на австриската агенција одговорна за безбедноста на личните податоци на граѓаните (DSB) следеше по анонимна жалба против Икеа, а судот првата пресуда ја донесе во  август 2024 година со која ѝ беше изречена парична казна од повеќе милиони долари на Икеа. Во јули оваа година, пресудата беше потврдена во второстепена постапка.

Компанијата, според жалбите на потрошувачите, користела видеокамери во својата продавница во близина на виенскиот Вестбанхоф помеѓу 25 март и 23 мај 2022 година, а снимките ги чувал 72 часа. Некои од 133-те камери, покрај другото, снимале ПИН-кодови од препознатливи лица кои биле чувани три дена.

Пријавени се 30 прекршоци, од кои 28 биле потврдени од Федералниот административен суд (BVwG). Некои од прекршоците се опишани како „груба небрежност“, но судот потврдил дека  снимените ПИН-кодови и видеата снимени од други камери не предизвикале материјална штета на засегнатите лица, ниту пак ПИН-кодовите биле злоупотребени.

Австриските медиуми, повикувајќи се на пресудата тврдат дека 6 камери во Икеа снимале одредени области без оправдување согласно Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR), а 7 камери имале преголеми видни полиња, кои биле целосно или делумно непотребни за да се постигне наведената цел: следење на чистењето на снегот или заштита на имотот.

Во такви случаи, пропишана е казна до четири проценти од вкупниот годишен светски промет од претходната фискална година. Бидејќи матичната компанија Ikea имала промет од 44,3 милијарди евра во 2023 година, почетната бројка била 1,772 милијарди евра. На крајот, била изречена казна од 1,5 милиони евра, со придонес од 150.000 евра за трошоците на кривичната постапка.

Икеа, пак, информира дека веднаш ги разгледала жалбите откако дознала за нив, ги демонтирала камерите или ги адаптирала како безбедносни камери.

 

Поврзани содржини