Икарди не заигра во финалето, сопругата Ванда ги вмеша децата (ФОТО)
Арогантната Ванда овојпат ги нареди своите пет деца и ги фотографираше облечени во дресови на ПСЖ.
По поразот на ПСЖ од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите, сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, им даде поддршка на Светците и никого не нападна и никого не навреди, и покрај тоа што нејзиниот сопруг ја грееше клупата и воопшто не истрча на теренот.
Па така, арогантната Ванда овојпат ги нареди своите пет деца и ги фотографираше облечени во дресови на ПСЖ.
– Среќна сум што сум дел од семејството на ПСЖ во оваа година за паметење. Момците заслужија да испишат историја. Одбројувањето до остварување на целта почнува. Такви се фудбалот и животот – изјави Ванда.