Игротеките бараат да бидат отворени заедно со градинките
Оттаму додаваат дека е неопходно владата да ги помогне при обезбедувањето на средства за хигиена бидејќи изминатиот период овие фирми биле затворени и не можеле да обезбедат профит.
Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори бара владата да им овозможи на игротеките и приватните установи за грижа и едукација на деца да почнат со работа заедно со градинките, но и да ги помогне во обезбедување на заштитни средства и плати на работниците.
Од Групацијата неведуваат дека се затворени 80 дена, во кои немале никаков промет, ниту приход, но ги задржале работниците.
– Бараме во периодот што следи на олобавување на мерките, да ни се обезбеди средба со комисиите на владата и да се утврдат протоколите по кои ќе можат игротеките и установите за грижа и едукација на деца да мопжат да почнат со работа. Најдобро би било овие установи да почнат да работат исто кога и градинките – рече Трајко Николовски, претседател на Групацијата.
Оттаму додаваат дека е неопходно владата да ги помогне при обезбедувањето на средства за хигиена бидејќи изминатиот период овие фирми биле затворени и не можеле да обезбедат профит.
Фирмите, велат од групацијата, ги задржааа вработените и покрај тоа што немаа никакви приходи изминатите месеци и затоа треба за бидат помогнати.
– Дополнително бараме владата да обезбеди мерката за користење на 14.500 денари за плата на раобтниците да важи и за месец јуни или да се обезбеди еднократна финансиска помош за овие фирми. Во овој период дел од игротеките немаа можност да ги користат мерките на владата – рече Николовски.
Сопствениците на игротеките и другите фирми од секторот се подготвени да се организира и скрининг на вработените, доколку тоа го наложат здравствените власти.
– Во овие фирми работат меѓу двајца и 10 работници и се подготвени да направат скрининг, само за да докажат на родителите дека се подготвеи да направат се за да го заштитат здравјето на децата – вели Николовски.