Игрите во Токио се одложуваат повторно?

Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 година.

216

Јапонската влада дошла до заклучок дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот, објави Тајмс. Британското издание се повикува на неименуван висок член на владејачката коалиција.

Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 година.






Јапонија е помалку погодена од пандемијата отколку другите развиени економии, но неодамнешниот скок на бројот на инфекции ја принуди да ги затвори своите граници за странците кои не живеат во земјата и да прогласи вонредна состојба во Токио и други поголеми градови.

По објавата на Тајмс, јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека сака ОИ да бидат реализирани.

Поврзани содржини