ИГРИТЕ СЕ ПОГРЕШНО ПРОТОЛКУВАНИ Организаторот на скаутскиот секс-настан вели дека во него нема ништо неморално

Оттаму велат дека „Есенски бакнежи, прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование и на неа не е манифестација на неморал блуд и сексуално вознемирување.

2,020

Првиот скопски извиднички одред (ПСИО), кој беше организатор на скандалозниот извиднички настан „Есенски бакнежи, прегратки 2021 година“ близу Зелениково тврди дека сведочењата за настанот се извадени од контекст, а голем дел од игрите погрешно протолкувани. Организаторот, како што вели во соопштението објавено на неговата веб страна, искрено жали поради настанатата ситуација.

Оттаму велат дека „Есенски бакнежи, прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование и на неа не е манифестација на неморал блуд и сексуално вознемирување.






„Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по четири лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно“, велат во соопштението од ПСИО.

Оваа манифестација, додаваат оттаму, се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.

„Извидништвото само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на секскуалното образование без предрасуди и табуа. Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани“ се појаснува во соопштението.

ПСИО останува отворен за комуникација кон сите страни засегнати во случајот и ги мотивираме сите учесници кои се почуствувале непријатно на настанот или небезбедно од било каква природа да пристапат кон раководството на одредот.

– За крај сакаме да упатиме жалење до сите страни кои беа неправедно вклучени, особено наши актуелни и поранешни донатори, а особено до ХЕРА која никогаш немала свој претставник на настаните, ниту пак финансиски го поддржувале овој настан. Информативните брошури се достапни за сите млади во нивните простории – велат од ПСИО.

Оттаму додаваат дека жалат, што ваква медиумска покриеност не се случи никогаш кога организирале крводарителски, хуманитарни, еколошки акции..

Поврзани содржини