ИГРИТЕ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ! Спектакуларно отворање на Олимпијадата во Париз, дождот ја зачини церемонијата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги прогласи Игрите за отворени.

460

Олимписките игри во Париз беа отворени вечерва на спектакуларна церемонија која траеше повеќе од три часа. Силниот дожд ја зачини, но не ја расипа програмата која се состоеше од песни, танци, пиротехника, модна ревија и парада на олимпијците од целиот свет на бродови на реката Сена.

фото: EPA-EFE/Miguel Tona





Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги прогласи Игрите за отворени.

фото; EPA-EFE/Joel Marklund

Олимпиското знаме стигна на оргинален симболичен начин со коњаник на сребрен коњ кој „галопираше“ по површината на Сена.

фото: EPA-EFE/Pauline Ballet / POOL

Кулминација на свеченоста беше пренесувањето на олимпискиот факел и палењето на олимпискиот оган во летечки балон кој лебди над Париз.

Македонија на Олимписките игри во Париз ќе ја претставуваат шест спортисти во шест спортови и четворица судии.

Македонските бои во Париз ќе ги бранат: Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо). Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година и му се придружува на Лондон, кој ги организираше Игрите во 1908, 1948 и 2012 година. Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра.

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот за бегалци. Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат.

Свеченото затворање на Олипијадата ќе се одржи на 11 август, на стадионот „Франција“ во париското предградие Сен Дени.

Поврзани содржини