ИГРАШЕ ВО МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ Почина актерката Весна Стојановска Николовска

Стојановска Николовска беше долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

10,288

Почина актерката Весна Стојановска Николовска, информираа администраторите на Фејсбук групата „Бардовите на македонското глумиште“.

Стојановска Николовска беше долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.






На јавноста ѝ е најпозната по улогите во Македонските народни приказни, Еурека, Тврдокорни, Солунски патрдии, Последната македонска елегија, итн…

Стојановска Николовска за публиката и за колегите важеше за еден од симболите на Македонските народни приказни.

Поврзани содржини