ИГРАЛИШТЕТО ВО СЕЛО ВЛАЕ Е БЕЗБЕДНО Екипи од ЕВН утврдиле дека нема присуство на напон

470

По пријава од општина Карпош за постоење на статички електрицитет на ограда од игралиште во село Влае, екипи на ЕВН и на општината излегоа на терен при што е утврдено дека нема присуство на напон и дека е безбедно за употреба. По извршената проверка игралиштето повторно е пуштено во употреба, соопшти Општина Карпош.

Претходно, екипи од ЕВН и од Општина Карпош извршиле контрола на детското игралиште на улицата Франце Прешерн во населбата Влае, откако граѓани пријавиле појава на статички електрицитет.






При контролата е потврдено дека станува збор за статички електрицитет кој не претставува опасност по животот на децата, но сепак било донесено решение за превентивно затворање на игралиштето до целосно решавање на проблемот.

Поврзани содржини