Играчот на Арсенал тргна да го тепа нашиот Алиоски, Џака скокна да ги смирува (ВИДЕО)

Додека играчите се поздравуваа, бекот на Арсенал, Тирни, тргна физички да се пресмета со Македонецот, по што мораше да интервенира Гранит Џака и да ја смири целата ситуација.

1,394

Македонскиот репрезентативец и играч на премиерлигашот Лидс, Езгјан Алиоски, вчера одигра одличен натпревар против Арсенал, а сите зборуваат за инцидентот што се случи помеѓу него и противничкиот фудбалер Николас Пепе.






Алиоски многу го налутил Пепе, па затоа и доби удар во главата. Нашиот Џани падна како покосен на тревата, а судијата, откако гледаше ВАР, му досуди црвен картон на Пепе.

Натпреварот заврши без победник (0:0), но нервозата кај „топчиите“ беше забележителна постојано, а буквално експлодираше по судискиот свиреж за крај на мечот. Тогаш, додека играчите се поздравуваа, бекот на Арсенал, Тирни, тргна физички да се пресмета со Македонецот, по што мораше да интервенира Гранит Џака и да ја смири целата ситуација.

Подоцна, коментар пристигна и од поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, кој истакна дека Алиоски намерно го наместил Пепе да биде исклучен.

– Разочаран сум од Пепе. Мислам дека треба да им се извини на сите. Алиоски заслужи „Оскар“ затоа што одлично одглуми – рече Евра.

Поврзани содржини