ИГРАЧИТЕ НА ВАРДАР ДОБИЈА НОВ СТИМУЛ ЗА ПОГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА Ќе добијат 100.000 евра ако ја победат Лозана
Првиот натпревар меѓу ФК Вардар и Лозана ќе се одигра на 24 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31 јули во Швајцарија.
Управата на ФК Вардар донесе одлука да ги награди фудбалерите со премија од 100.000 евра доколку го елиминираат швајцарскиот клуб Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Оваа финансиска стимулација треба да послужи како дополнителна мотивација за составот, кој претходно подели 50.000 евра за успехот во првото квалификациско коло.
Швајцарскиот претставник минатата сезона беше исто така петтопласиран во домашното првенство, кое има далеку повисок коефициент од нашето.
Првиот натпревар ќе се одигра на 24 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31 јули во Швајцарија.