Играч на Лацио гризна играч на Лече (ВИДЕО)

И покрај тоа што небесно сините поведоа со 0-1 со голот на Каиседо, сепак фудбалерите на Лече успеаја да изедначат преку Бабакар, а на крајот да направат и целосен пресврт со голот на Лучони.

443

Лацио немаше право да загуби откако веќе еднаш загуби од Милан, но по вечерашното гостување кај Лече, избраниците на Симоне Инзаги повторно испишаа пораз.






И покрај тоа што небесно сините поведоа со 0-1 со голот на Каиседо, сепак фудбалерите на Лече успеаја да изедначат преку Бабакар, а на крајот да направат и целосен пресврт со голот на Лучони.

Како и да е, овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што фудбалерот на Лацио, Патрик, буквално гризна противнички играч за раката. Тој веднаш доби црвен картон и беше испратен во соблекувалната.

Поврзани содржини