„ИГРА НА ОТРОВИ“ – БИВШ ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈА ЗА ВИДЕОИГРИ Е ОСУДЕН НА СМРТ Го отрул основачот на компанијата и се обидел да убие уште четворица колеги!
Поранешниот директор Су Јао ставил отров во храната на основачот на компанијата Лин Киа поради спор околу раководењето со компанијата. Лин починал 10 дена по труењето, а Су подоцна поради слични причини труел уште четворица колеги, но тие преживеале.
Поранешниот директор на компанијата за видеоигри „Yoozoo Games“ Су Јао денеска во Кина беше осуден на смрт за убиство со труење на основачот на компанијата Лин Киа во 2020 година.
Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми.
Лин починал 10 дена по труењето, а Су подоцна, поради слични причини, труел уште четворица колеги, но тие преживеале.
Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видеоиграта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .