ИГОР КОЈИЌ И ХРВАТСКАТА РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДА СЕ ЗАБАВУВАЛЕ ВО НОЌЕН КЛУБ Поранешниот на Северина ужива (ВИДЕО)
„Вечер за паметење“, напиша Игор, а видеото на својот профил на Инстаграм го споделила и Барбара.
Поранешниот сопруг на хрватската пејачка Северина, Игор Којиќ, на својот Инстаграм објави видео од неговиот татко Драган Којиќ Кеба како пее, а друштво во клубот им правела и хрватската ријалити ѕвезда Барбара Шегетин.
Веселото друштво се забавувало до ситните ноќни часови, а Барбара, која јавноста ја запозна во 2016 година како натпреварувачка во шоуто „Големиот брат“ на РТЛ, веднаш го споделила видеото на својот профил.
„Вечер за паметење“, напиша Игор во описот на видеото во кое пее неговиот татко, музичарот Драган Којиќ Кеба.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Барбара неодамна го доби синот Лука со тенисерот Дамир Џумхур.
View this post on Instagram
Игор Којиќ минатата година официјално се разведе од пејачката Северина.
„Нашиот развод е спогодбен, како што беше и договорот за живеење на различни адреси. Потпишавме заедно, заедничкиот адвокат ги достави документите до судот и немам што да додадам“, изјави тогаш Северина.
По разводот од Северина, Игор помалку се експонира во јавноста, но и понатаму е активен на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм