ИГОР ИВАНОВСКИ ШЕМА И АНДРЕЈ ПЕТРОВ ЌЕ ГО ОПРАВААТ СДСМ ДУРИ ПОСЛЕ ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ?! Тенка шема е тоа, Филипче ќе ја дотера партијата до нов изборен дебакл и до колапс

Може ли смената на кормилото на СДСМ да чека до следните парламентарни избори?

1,078

Игор Ивановски, поранешен потпретседател на СДСМ, кој го преживеа периодот на „заевизмот“ во СДСМ со етикетата дека е „бранковист“, но остана тивок и близок до партискиот врв и во периодот по доаѓањето на Венко Филипче, во некои партиски кругиови се смета за најсериозен кандидат за преземање на водството на партијата, дознава Плусинфо.

Добрите познавачи на состојбите во СДСМ потсетуваат дека Игор Ивановски беше клучен играч и во победничкиот тим на Горан Герасимовски, кој на локалните избори по втор пат стана градоначалник на скопската општина Центар. Негова добра страна е тоа што не учествува во кулоарските пресметки во СДСМ, но слабост му е нерешителноста, велат познавачите.






За таа слабост можеби сведочат и шпекулациите на порталот Фокус. кој тврди дека Ивановски и поранешниот генерален секретар Андреј Петров заеднички покренале иницијативи за кадровски промени во СДСМ и за преземање на раководењето на партијата, но тоа би се случило дури после следните парламентарни избори.

Според извори на Плусинфо, оваа шема, како во народната „не умри магаре до зелена трева“, сепак нема да функционира. На Венко Филипче сепак нема да му биде оставен простор спокојно да ја води партијата до следниот изборен циклус, бидејќи со овој состав на Извршниот одбор, СДСМ најверојатно ќе се соочи со уште еден катастрофален пораз. Ако тоа се случи, ништо веќе нема да може да ја крене партијата од калта.

Поранешниот градоначалник на Скопје и член на раководството на СДСМ, Петре Шилегов, вчера јавно побара оставка од Венко Филипче. Се очекува деновиве да се огласат и други поранешни, но и актуелни партиски кадри. Не треба да се заб0орави и на Оливер Спасовски, кој е координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, како и на Славјанка Петровска, која му беше противкландидат на Филипче за челното место во партијата.

Прашањето е дали незадоволните од начинот на кој кланот Дубаи и Венко Филипче ја водат партијата ќе успеа да се усогласат меѓу себе и да поведат решителна иницијатива за промени во врвот на партијата, во согласност со статутарните правила во СДСМ. Ако тоа не се случи, нема да биде изненадување да зајакнат иницијативите за формирање нов политички субјект, од поранешни и сегашни видни членови на СДСМ и на други маргинални опозициски партии.

Поврзани содржини