Игор Дурловски на Фејсбук: Македонија е вирус за кој немате вакцина!

2,141

Во време на полициски час го „дезинфицираат” плоштадот во Паланка. Македонија е вирус за кој немате вакцина!, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на Фејсбук и за кратко време овој негов пост има повеќе од педесет споделувања.

Претходно на социјаните мрежи се споделуваше видео од плоштадот „Карпошово востание“ на кое за време на полицискиот час со брусилица се вади сонцето од Кутлеш, односно Виргината. На социјалните мрежи реагираше и поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.






„Кога го градевме плоштадот „Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на Вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија. И сега ти нeспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш. Ејј мизеријо од човека, што правиш?, пишува Алексовски.

Поврзани содржини