Игор Јанушев се повлекува од местото генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Јанушев, како што соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски имал лични причини за повлекувањето од функцијата .
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од лични причини се откажал да ја извршува оваа партиска функција. Ова на прес-конференцијата вечерва го соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
– Игор Јанушев, генерален секретар на партијата поради лични причини се повлекол од теренски најистурената партиска функција. Но, тој ќе остане да дава придонес во активностите на партијата. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман – рече Мицкоски.
Тој рече дека во наредниот период ќе се изврши консултација со повеќе можни кандидати и во најбрз можен рок ќе се избере нов генерален секретар.
Мицкоски на прес-конференцијата рече дека на деневен ред на седницата на Централниот комитет била актуелната полигтичка состојба и состојбата во партијата.
– Заев не може да реши ништо. Секој ден поминат со оваа влада ќе биде погубен.за народот и државата. Владата на Заев не може да ги реши проблемите ниту во здравството, ниту со образованието…,бидејќи владата на Заев е проблемот – рече Мицкоски.