📽️ ИГОР ЏАМБАЗОВ ЗАМИНА В ТУЃИНА „Ми фали Ферхунде, а по малку и вие, чувајте ми ја Македонија“

Македонскиот актер, водител, шоумен и музичар Игро Џамбазов ги спакува куферите и замина од Македонија.

2,147

Македонскиот актер, водител, шоумен и музичар Игро Џамбазов ги спакува куферите и замина од Македонија.

Игор заедно со Гуру Харе во моментов престојуваат во Канада каде в сабота ќе одржат концерт за многубројните македонски иселеници.






Џамбазов по пристигнувањето во Канада се огласи на својот профил на Инстаграм и покрај некои детали за концертот, не изостави да каже дека му недостасуваат Македонија и неговото куче Ферхунде.

„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини. Со нив како да сме дома. Во сабота е концертот. Денес Гуру Харе си одбра гитара и појачало. Јас си купив ново укулеле. Утре ни е првата проба со бендот. Салата е распродадена. Тоа е народе. Сè е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие… Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам…“, напиша Игор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Поврзани содржини