Игор Џамбазов: Кога си пијан, сеедно ти е дали јадеш ќебапи или лосос
Јас го имав изгубено чувството за вкус и дури сега почнав да ја чувствувам храната на јазикот. И вода кога пиев мене ми мирисаше на ракија. Сега кога јадам, знам што јадам, а она што најмногу ми помогна за подобрување на здравствената ситуација, освен доктор Жан Митрев, е маџунот! - ни раскажа Игор пред околу 1 година, во интервју за нашето списание „Арт кујна“.
Пред една година, непосредно пред да почне пандемијата на ковид-19, во сè уште нормални услови, во ресторанот „Гурмет“ во скопско Дебар Маало се сретнавме со најголемата македонска ѕвезда, актер, шоумен, ТВ-водител, музичар, писател и текстописец, Игор Џамбазов, кој е секогаш интересен соговорник, па дури и кога не е баш најкомпетентен да зборува на одредена тема. Како во случајов, кога за нашиот старо-нов магазин „Арт кујна“ (кој за жал, поради пандемските околности повеќе не излегува), зборувавме со него на темата – храна.
Последнава година откако е во љубов со нашата планинарка и уметница Илина Арсова, можеби внел дополнителни измени во својата исхрана, но веруваме дека ја задржал својата навика за која ни кажа дека му го спасила животот. Имено, последните седум години (сега веќе осум), прво што прави секое сабајле е да се напие една голема голтка маџун, а истото го прави и навечер, пред да си легне.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.
Фото: Стефани Христов