Игор Џамбазов им испрати поздрав со песна на Борисов и Каракачанов ВИДЕО
Низ светот се користи како химна на слободата и отпорот. Самата песна доживеа бројни верзии.
Песната „Бела чао“ (Bella chao) е италијанска партизанска песна која потекнува од времето на италијанската граѓанска војна. Низ светот се користи како химна на слободата и отпорот. Самата песна доживеа бројни верзии.
Своја верзија на песната направија и актерот Драган Спасов-Дац и композиторот Александар Митевски.
Шоуменот и актер Игор Џамбазов сега одлучил да ја испее својата верзија, со која им испратил директен поздрав на премиерот Бојко Борисов и вицепремиерот Красимир Каракачанов на Бугарија.
„Каракачанов, Бојко Борисов, о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао… Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие, другите…“, пее Игор во видеото.
View this post on Instagram