IGM TRADE Кавадарци донираше 250.000 евра за Здравство и плати данок и за 2021 година

951

IGM TRADE Кавадарци донираше 250.000 евра за Министерството за здравство за да помогне во справувањето со корона вирусот ковид-19, а презеде и други чекори со кои обезбеди пакет помош.

„Парична донација од 15.375.000 денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за здравство, префрлени на посебна наменска донаторска сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.






Однапред извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, поддршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.

Однапред извршена аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци, поддршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.

Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот“, соопштија од компанијата.

Оттаму нагласуваат дека ги применуваат сите превентивни мерки доставени од здравствените власти и од Владата, бидејќи, како што велат, заштитата на нивните вработени и на клиенти е нивен врвен приоритет. Апелираат до сите граѓани во државата да ги почитуваат мерките и им посакуваат добро здравје и брзо надминување на кризата.

Поврзани содржини