„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога
Од Управата за извршување на санкции порачуваат дека нема да дозволат затворите да бидат центри на недозволени активности и дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет.
Во Казнено-поправната установа „Идризово“ бил спроведен претрес во отвореното одделение, при што се откриени и запленети голем број недозволени предмети, меѓу кои дрога, телефони и разна електроника.
Според информациите од Управата за извршување санкции, при акцијата се пронајдени и одземени 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон.
Од Управата порачуваат дека нема да дозволат затворите да бидат центри на недозволени активности и дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет.
„Продолжуваме со борбата и сузбивањето на криминалот во затворите. Без исклучоци и без толеранција. Ниту еден недозволен предмет нема место зад решетки“, соопштија од Управата за извршување санкции.