ИДНИНАТА Е ВО РАЦЕТЕ НА ИРАНЦИТЕ Фон дер Лајен со силна реакција по смртта на Хамнеи

Претседателката на Европската комисија предупреди дека моментот носи и сериозен ризик од регионална нестабилност.

119

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, но предупреди и на сериозен ризик од нестабилност во регионот.

Во објава на платформата Х, фон дер Лајен порача дека иднината на Иран треба да биде во рацете на неговите граѓани.






— Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство — напиша таа.

Претседателката на Европската комисија нагласи дека е неопходна тесна координација со меѓународните партнери за да се зачуваат стабилноста и безбедноста.

— Треба блиску да соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите — додаде фон дер Лајен.

Поврзани содржини